Четворица пијани возачи исклучени од сообраќај во Охрид

116

Четворица возачи на автомобили со присуство на алкохол во крвта открила полцијата при сообраќајна акциска контрола на 50 возила во Охрид што Секторот за внатрешни работи ја реализирал во текот на ноќта.

Возачите, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, веднаш биле исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи.

-Против нив, Полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, ќе поднесе соодветни пријави. За време на акциската сообраќајна контрола, полициските службеници регистрирале и вкупно шест други прекршоци поради што, издадени се мандатни платни налози – изјави Димоски.

За време на претстојните празнични денови, најави, СВР Охрид ќе ги интензивира сообраќајните, како и останатите контроли на целото подрачје.

-Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, поголемо почитување  на сообраќајните правила и прописи и зачувување на поволната безбедносна состојба, информира Димоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...