МНР објави оглас за вработување на 26 дипломати и стручни службеници

379

  Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека денес е објавен Јавниот оглас број 379/2018 за вработување на 26 административни службеници (дипломати – приправници и помошно -стручни службеници).

Јавниот оглас, покрај на интернет страната на Агенцијата за администрација е објавен и во дневните весници Нова Македонија, Независен весник и Лајме и истиот ќе трае 20 дена од денот на објавувањето.

„Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија““, вели МНР.

Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на следната интернет страница: http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/509

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...