Општината Центар не ги затвора читалните, ќе ги пресели на друга локација

501
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

Општина Центар ги демантира написите во одредени медиуми во врска со затворањето на читалните кои функционираат на територија на општината.

„Поради високата кирија која општината ја плаќа за просторот, една од читалните ќе биде преместена на друго место, а другата ќе продолжи да работи во досегашните простории. Општина Центар дополнително ќе ги извести граѓаните за новата локација на читалната“, информира локалната власт.

Градоначалникот Саша Богдановиќ на Фејсбук потврди дека поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, дел ќе бидат преместени на други локации, а дел ќе останат на истото место.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...