Во полиција вчера во 21.38 часот е пријавено дека на улицата „Шарпланинска” во населба Даме Груев, кај општинската зграда на Ѓорче Петров, лежи лице кое не дава знаци на живот, до возило „пасат” со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д.Н. (65).
ОБНОВЕНО
Триесет и осум годишен скопјанец е лицето кое е пријавено синоќа половина час по 21 дека лежи без знаци на живот на ул. Шарпланинска, во населбата Даме Груев во Скопје.
Според официјалните информации на МВР до лицето имало возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).
Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности.
Утврдено е дека убиениот е Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје. Телото е предадено на обдукција.
Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.