Насилно влегле во три викендички во тиквешко

69

Непознати сторители насилно влегле во три викендички деновиве во Тиквешко, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Се работи за две викендички кај росоманското село Сирково и една кај Тиквешко Езеро. Според првичните согледувања, во два од објектите била причинета помала материјална штета, а во една од викендиците било пријавено оштетување од околу петстотини евра – појасни Додевски.

Тој нагласи дека се утврдува висината на материјалната штета и интензивно се трага по оние кои насилно влегле во викендичките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...