Од 13 часот посебен режим во сообраќајот пред Владата

323

Министерството за внатрешни работи од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата поради најавен протест.

Од  тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден“ на потегот до крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „ВМРО“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...