Собраниска и седници на 13 парламентарни комисии

95

Собранието  денеска ќе ја одржи 38. седница. Во Парламентот ќе заседаваат и 13 комисии.

На пленарната собраниска седница ќе бидат разгледани закони од областа на енергетиката, економијата, финансиите, туризмот, здравството, земјоделството, екологијата …

Седници ќе одржат собраниските комисии за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за прашања на избори и именувања, за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за образование, наука и спорт, за надворешна политика, Законодавно-правната комисија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за култура, за економски прашања и Буџетскиот совет на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...