Автобус усмрти пешак

525

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид. Како последица на настанатите повреди лицето го загубило животот.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Издадена е наредба за вршење обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот.​

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...