Порталот Либертас објави фотографија од поранешниот премиер Никола Груевски во лобито на луксузниот хотел „Four Seasons“ кој се наоѓа во центарот на Будимпешта.
На фотографијата може да се види екс-премиерот а сегашен бегалец од правдата во Македонија и азилант во Унгарија, Никола Груевски, како сурфа на интернет.
Никола Груевски избега од Македонија и на 13 ноември преку објава на својата Фејсбук страница кажа дека е во Будимпешта каде побарал азил, кој набргу и го доби. Тој се бара со меѓународна потерница поради издржување затворска казна во Македонија.