Влада: Нема зголемување на плати на вицепремиери

326

Со измените во Законот за  плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на РМ, тврди Владата.

– Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата. Со Законот за Влада на РМ е предвидено претседателот на Владата на РМ од редот на министри да именува заменици кои го заменуваат во негово отсуство. Нивната плата треба да се утврдува со коефициенти утврдени со Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во РМ. Во изминатиот период Законот за плата во однос на називот на функциите не е усогласен со Законот за Влада, поради што Уставниот суд ја укина одредбата на Законот за плата во делот на потпретседател, затоа што не е усогласен со Законот за Влада. Во вакви услови се создаде пречка за пресметка и исплата на платата на замениците на претседателот. Со измени на Законот за плата се изврши терминолошко усогласување поради Одлуката на Уставен суд, поради што платите на заменик на претседател не се зголемуваат туку наместо да се исплатуваат како на останатите министри, истите  ќе се исплаќаат со ист коефициент пред да Уставниот суд ја укине одредбата, соопшти Владата.

Сепак ова не значи дека на петте вицепремиери Кочо Аѓушев, Бујар Османи, Хазби Лика, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски нема да им се зголемат платите за 8.000 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...