Мијалков и вечерва останува во „Шутка“

533

Кривичниот суд го врати предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерка куќен притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во случајот „Империја“.

Од судот велат дека предлогот за Мијалков е некомплетен и го вратиле на доуредување.

– Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“ од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека истиот не е компелетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...