Измените на Кривичниот законик поминаа, Кочан и Авировиќ може да се спасат?

702

Без расправа со 63 гласа „за“ и 1 воздржан Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик.

Со ова Сеад Кочан и Василије Авировиќ е можно да добијат помали казни или условни, бидејќи според членот 275-в, кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство е поврзан со кривичните дела за кои се товарат двајцата.

Овие измени би можеле да влијаат на казната на Кочан и Авировиќ. Тие се осудени во предметот „Труст“, но пресудата сѐ уште се наоѓа во Апелацискиот суд, кој треба да одлучи за жалбите за пресудата да стане правосилна.

Во измените на КЗ не е вметнат членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службена положба, а кој претходно пратениците од мнозинството сe обидоа да го протнат. Овој член е поврзан со најголем дел од обвиниетите кои се гонат од СЈО и под притисок на јавноста беше тргнат од предлогот за измени на законот.

Со измените на Кривичниот законик кои сега ќе стапат на сила се воведува и ново кривично дело „попречување правда“, а клучните измени се однесуваат на кривични дела сторени од омраза. Предлогот е доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Опозициската  ВМРО-ДПМНЕ пртходно најавија дека нема да учестуваваат во расправата за Кривичниот законик и ја напуштија собраниската сала пред гласањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...