Шести по ред пожар денеска во Скопје

866

Шести по ред пожар денеска во Скопје – зачаден влез од зграда на Разловечко востание број 2, изјави за Плусинфо командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Ѕвонко Томески.

– Станува збор за станбена зграда со зачаден влез. Колегите се на лице место, очекуваме повеќе информации во текот на денот – рече Томески.

Претходно, гореа два контејнера, едно возило во населба Драчево, куќа во Горно Соње и објект на улицата Јордан Мијалков во кој загина 25-годишно лице.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...