Јуношите на власта галопираат кон „светлата ем евроатлантска иднина,” на фланковите будно бдејат самоуправните академици, момците за се! На Берлин, на Москва, кон Брисел!
…Во меѓувреме, во Велес, инспектори, полицајци,разно разни општинари се растрчале низ Градскиот Пазар, се пикаат под тезгите, ѕиркаат во торбите и ќесињата на купувачите – правната држава на дело, борба против сиромашти…сивата економија – Тројка, тројка! Сериозно зборува полицаецот откако мораше да го тргне погледот од смартфонот и за момент да ја прекине воаерската зависност од ФБ. Тешко на тезгаџијата на тројката, си помислив.
…Скопје, главен на град на…па,ќе видиме. Па Кривичен совет, па Судски совет, па Обвинителство, Влада, демек атрибутите на државата, зачинети со „лидери”, зависни од сеансите со странските амбасадори,од сериозните брифинзи со „влијателните уредници” нашата тендерска аристократија. Како оној што се мачи во Будимпешта. Кому сеуште му тече стаж. Да, и му се исплаќа плата. Се во името на љубовта кон НАТО, кон ЕУ, а знаеме дека вљубените не секогаш се рационални. И со нерационални постапки, редно е да очекуваме сосем рационален резултат.
…Продавница од околу 15-20м2. На улица, па на било која. Внатре инспектор за ова од Прилеп, инспектор за она од Штип, овие пак се од Скопје, еден од кој знае каква и која инспекција. Сопственикот кој се разбира дека е и продавач се обидува да им излезе во пресрет на инспекциските барања. Се правда, докажува дека не сторил ништо лошо. Највеќе троши леб,млеко,цигари…марули… Не оди тоа така, секако си крив, само да видиме за што?
…Нивниот закон, нивниот јазик, нивната држава, нивните правила. Тие не се наши. Тие се туѓи. Нашите се меѓу блиските до нас, во семејствата, соседите, пријателите,меѓу минувачите со кои си велиме – добар ден. Таму е нашата држава, јазик, закон… Таму е Македонија!
Авторот е претседавач на Националниот Комитет на ГДУ