Дваесет и петгодишно било лицето што загина денеска во пожарот што избувна на улицата Јордан Мијалков во Скопје, а три лица се повредени на возраст од 27, 33 и 38 години.
Еден од повредените е и сопственикот на сервисот за мопеди.
Неофицијално, Плусинфо дознава дека причината за пожарот се две боци до гас кои најверојатно, биле користени за греење. Пожарот настанал откако експлодирала една боца.
Доктор Шпреса Хасани, советник за примарна здравствена заштита при Здравствен дом Скопје за Плусинфо изјави дека еден од повредените се здобил со полесен степен на изгореници и одбил медицинска помош, а другите двајца биле во добра состојба.