Милошoски: Прв пат во историјата претседател обзнани дека УБК го следи сосе цело семејство

456
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дава одлика на конзистентен политичар кој се држи до оние принципи врз основа на кои што го добил мандатот од граѓаните и до Уставот на Република Македонија врз кој дал заклетва дека ќе ја врши својата должност и функција, оцени денеска пратеникот Антонио Милошoски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ по новогодишното обраќање на Иванов во Собранието.

– Неговата политичка зрелост да го прифати рефендумот како волја на граѓаните да го зачуваат Уставот на РМ каков што е  бидејќи неуспешниот реферндум навистина е патоказ и за пратениците и за извршната власт и за претседателот дека мнозинството на граѓани не се согласува со наметнати решенија што власта се обидува преку уцени, амнестии и други политички пазарења да ги преточи во некој спротивен на волјата договор што го потпишаа – истакна Милошоски.

Тој нагласи дека загрижувачки е тоа што денеска првпат се слушна во историјата на Македонија од еден претседател дека тој и неговите соработници имаат сознание дека врз основа на усна наредба УБК  ги следи комуникациите на претседателот на државата на неговото семејство и на неговите блиски соработници.

Милошоски посочи дека доколку ова е вистина може да се смета како еден голем минус кој создава правна несигурност и политичка несигурност не само за претседателот, туку и за сите граѓани затоа што би можел да биде условно кажано истиот или следниот врз основа на усна наредба да биде следен во неговите комуникации заради неговите политички несовпаѓања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...