Маж изгоре во пожарот на улицата Јордан Мијалков

978

Една жртва има во пожарот на улицата Јордан Мијалков што се случи попладнево, дознава Плусинфо од Министерството за здравство.

Телото на починатиот маж во пожарот од опожарениот објект го извлекла екипа на скопската Итна медицинска помош, а како што ни потврдија од Министерството за здравство, станува збор за помлад маж. Според привичните информации починатото лице било во продавницата за мопеди каде што избувна пожарот.

Уште едно лице е повредено во пожарот, но тоа, за среќа е, во добра здравствена состојба и не е задржан на скопските клиники, туку веднаш по укажаната помош од екипата на Брза помош, бил пуштен на домашно лекување.

Во МВР е пријавен пожар во објект, но засега не ни дадоа повеќе информации. На терен присутни беа седум противпожарникарни возила, голем број пожарникари, како и полицајци кои го регулираат сообраќајот од околните улици и булевари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...