Специјалното јавно обвинителство (СЈО) предложи и на Сашо Мијалков како осомничен во случајот „Империја“ да му се додели куќен наместо затворски притвор, потврдија оттаму за Плусинфо.
Мислењето е доставено до Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 кој треба да донесе одлука дали Мијалков ќе излезе од Шутка.
Причината за ваквото мислење е што од обвинителството сметаат дека веќе се собрани доволно материјални докази во случајот, а и со куќниот притвор осомничениот не би можел да влијае на сведоци.
СЈО претходно даде мислење дека треба да се даде куќен притвор и за останатите четворица осомничени во „Империја“ кои беа во затворот во Шуто Оризари, од кои за сите судот веќе донесе одлука со која им го укина притворот и им додели куќен. Меѓу нив беа и бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски.
Покрај за овој, СЈО исти мислења даде и за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, за кој Апелација денеска одлучи да им го укине затворскиот и да им додели затворски притвор.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI