СОНК: Уставниот суд потврди дека сме во право со изготвувањето на колективниот договор

94

Самостојниот синдикат за образование наука и култура (СОНК) денеска го поздрави решението на Уставниот суд со кое се потврдува дека колективните договори во дејноста детска заштита основно и средно образование не се дискриминаторски како што тврдеше Независниот синдикат за образование.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција рече дека со ваквото решение донесено од страна на Уставниот суд се потврдува дека не станува збор за дискриминација на вработените во детската заштита, основното и средното образование.

– Со ова се потврди дека СОНК апсолутно имал право во изготвување на колективниот договор и на негово толкување и ова докажува дека ние сме биле во право за она што долги години сме го барале од работодавачите да го применуваат – истакна Неделков.

Побара од директорите во детските градинки, основните и средните училишта доследно да ги почитуваат одредбите од колективните договори, а во спротивно, како што рече, ќе бидат приморени да ги преземат сите мерки што произлегуваат од законот.

Неделков појасни дека одредбите од колективните договори за детска заштита основно и средно образование се задолжителни за директорите на овие установи од една страна и вработените  кои се членови на СОНК од друга страна. Колективните договори може да важат и за сите останати вработени и други синдикати што дополнително сакаат да пристапат кон овие договори по претходно добиена согласност од потписниците.

Независниот синдикат за образование ја оспори одредбата од овие колективни договори тврдејќи дека е спротивна на Уставот и оти има елементи на дискриминација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...