На улицата „Јордан Мијалков“ наспроти Мала Станица пред неколку минути избувна голем пожар.
Во МВР е пријавен пожар во објект, но засега нема повеќе информации. На терен присутни се седум противпожарникарни возила, голем број на пожарникари, како и полицајци кои го регулираат сообраќајот од околните улици и булевари.
Според она што може да се види на терен, пожарот избувнал во куќа. Како што јавува нашиот репортер, огнот прво избувнал во куќа на сопственик за мопеди. Огнот опфатил најмалку уште објект.
Очевидци велат дека во објектот каде избувнал пожарот живееле луѓе, дали во моментов имало некој внатре и дали има повредени засега нема информации. Претпоставките се дека има и повредени лица, а дел од очевидци велат дека внатре можно е да имало дете или момче бидејќи слушнале како се пожарникарите барале и прашувале за некое дете.