Ракометарите на Металург забележаа победа на крајот на нивните настапи во регионалната СЕХА лига (18. коло). Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, тимот од Автокоманда го победи словенечкиот претставник со 28:26.
За Металург ова беше прв триумф во четвртиот дуел од регионалната лига со екипата на Цеље.
Нашиот тим сезоната ја завршува во долниот дел на табелата (7. место) со седум победи, едно реми и десет порази.
Најефикасни во победничкиот состав беа капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци и Халил Јагањац и Вања Илиќ со по пет гола.