За време на перформансот на раперката Иги Азелиа во Бразил, една од танчерките се онесвестила на сцената, пренесува „E! News“.
Раперката ја изведувала песната „Black Widow“ за време на инцидентот, а откако го повикала медицинскиот персонал, продолжила со шоуто.
На социјалните мрежи Азелиа се соочи со критики поради ваквата одлука.
– Сакам да ве известам дека мојата танчерка е добро. Светлата и жештината и пречеле, таа сега се чувствува подобро – напиша Азелиа на Инстаграм.
Таа појаснила дека прво мислела оти танчерката само го шинала глуждот или дека паднала. Нагласила дека „можеби ќе звучи лошо“ но, се чувствувала принудена да „почека музиката да престане“ за да повика медицинско лице.
– Сите сме потресени поради тоа што се случи, но благодарни бидејќи таа е добро – довршила Азелиа.
Таа ги искоментирала и мемињата во врска со танчерката.
– Лесно е да се направат мемиња како некој се онесвестува, но тоа воопшто не е смешно, страшно е! Се надевам моите фанови нема да споделуваат работи какви што гледам од мојата танчерка! – додала раперката.
One of Iggy Azalea’s backup dancers passed out during her performance of ‘Black Widow’ in Rio de Janeiro, Brazil. pic.twitter.com/R8rEZFBkO8
— Azalean Source (@Azalean_Source) December 27, 2018
ФОТО: Инстаграм