Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи повеќе седници на кои треба да бидат разгледани закони од областа на правосудството и економијата.
Во рамки на 78. седница на дневен ред е Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги во второ читање, а по нејзиното завршување ќе следи 66. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за возила во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за царинска управа, по скратена постапка, информацијата за енормното загадување на амбиенталниот воздух поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и Годишниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2017 година.
Измените и дополнување на Законот за судовите, Предлог на законите за прекршоците, за Судскиот совет на Република Македонија, за управни спорови и Предлог на законот за извршување на санкциите, сите во прво читање, како и Предлог на законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, и на Законот за преземање на акционерските друштва, двата по скратена постапка се меѓу точките на дневен ред на 77-та Собраниска седница.
Според агендата, Парламентот денеска треба да ја одржи и 71-та седница на која се поместени повеќе законски предлози од еномската сфера.