Син на хрватски полицаец масакрирал тинејџер

351

Седумнаесетгодишник со нож брутално го убил тешко болниот врсник на поле кај поток во Купинец, пренесува „Курир.рс“.

Тој бил син на полицаец од Загреб, а пријателот кој го убил бил од Вараждин, но во Загреб го посетувал Центарот за образување „Винко Бек“.

Луѓе кои го познавале, за убиецот рекле дека бил „како волк кој сам се шета наоколу“.

– Убиениот не го познава никој, а нашиот сосед најверојатно го повикал за празниците. Никогаш го немавме видено со некој да шета. Секој ден одеше по иста рута. Некогаш со слушалку на ушите, а некогаш, како што се вели, луташе без цел. Можеби му требаше да се издува. Заврши тригодишно училиште и не му се продолжуваше. Го прашавме што му е во план, а тој ни рече дека бара работа, вонредно ќе запишел четврта година – изјавила сосетка.

Малолетникот бил најстарото дете во семејството, имал двајца помлади браќа.

– Не ни е јасно што правеле таму. Тоа е локација на која младите одат за да бидат сами, да се дружат, да пушат трава, да разменуваат нежности… – додала сосетката.

Друга сосетка изјавила дека таму можеби сакале да кампуваат и дека пуштале музика од лап топот. Полицајците таму пронашле храна и пијалоци, цигари, лап топ и велосипед. Таа наводно слушнала дека „додека стоел кај убиениот пријател, младиот сосед се обидел и самиот да се избоди со ножот, а изгледал како да влегол демон во него“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...