Во Швајцарија ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку Леку

8737

Сопственикот на ресторан во швјцарското место Рути, во близина на Цирих, И. Истрефи (51) е убиен во својот локал, јавуваат швајцарски медиуми. Непознат сторител во 2 часот по полноќ на Божиќ испукал неколку куршуми во Истрефи.

– Слушнавме три истрели, но опасно е да зборуваме за тоа, овде се собира мафија – рече еден локален жител.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, судирот на две ривалски македонски семејства резултирал со уште едно убиство.

Истрефи се сомничи дека стои зад минатогодишното убиство на Дилавер Бојку Леку, некогашен макро и еден од главните босови на албанската мафија во Европа.

Меѓутоа, многу нешта претходеа на овие убиства. Братот на Бојку, Башким, се наоѓа во затвор поради убиство на синот на Истрефи и ранување на неговиот друг син кој и денеска живее со инвалидитет.

Синот на Дилавер Ермин, кој исто така бил вмешан во овој случај, се уште е во бегство.

Се претпоставува дека Дилавер е убиен поради одмазда. Тој, исто така настрада во својот локал во Струга.

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...