Капитенот на Барселона, Лионел Меси откри дека често ја дискутира својата игра и онаа на тимот со своите синови Тиаго и Матео.
– Двајцата многу го сакаат фудбалот. Тиаго разбира повеќе, бидејќи е поголем и зборуваме за се што е поврзано со играта. Понекогаш ме критикува за мојата игра на теренот. Тој ја следи Барселона, Ла Лига и Лигата на Шампионите. Сака да ми поставува прашања и да критикува, кога работите не одат добро – рече Лионел Меси, цитиран од „Марка’.
Тој додаде дека кога Барса ги губела мечевите, во нивниот дом не се зборувало за фудбал, но сега работите се поинакви.
– Сега Тиаго сака да коментираме и да му објаснам зошто сме изгубиле – рече уште Меси.