Неспособниот Христијан Мицкоски повторно не кажа ништо што добро за државата и граѓаните. Никаков план, никаква визија, никаква програма не понуди Мицкоски. Едни исти фрази, празни флоскули на Мицкоски без суштина, полни со деструкција, реагира СДСМ.
– Останува фактот дека Мицкоски одбегна да одговори за неговата улога околу бегството на неговиот ментор, Никола Груевски и посетите на Белград и Будимпешта. Мицкоски веќе е профилиран како анти НАТО и анти ЕУ. Очигледна е неговата намера Македонија да не успее во остварување на врвните државни и национални интереси а тоа е влез во ЕУ и НАТО. Јавноста го гледа сето тоа и прави јасна разлика помеѓу деструктивното антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на Владата предводена од СДСМ во обезбедувањето на иднината на државата во ЕУ и НАТО, стои во соопштението.
Од таму додаваат дека нема да се оствари желбата на Мицкоски Македонија да не успее. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ и одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Нема враќање назад во темното минато.
Според СДСМ, поддршката во Собранието за процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ може само да расте.
– Бидејќи самиот Мицкоски вели дека не „сака да мисли” ќе му помогнеме, нека се спреми за пораз на претседателските избори, велат од СДСМ.