Мицкоски: Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, јас сум иднината и немам врска со бегството

642
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тој нема врска со бегството на Никола Груевски, изјавата на премиерот Зоран Заев во која кажа дека тој е вмешан во бегството на поранешниот премиер ја оценува како несериозна. Смета дека Заев и министерот за внатрешни работи се добро запознати со целиот случај и бара одговорност за бегството на екс премиерот токму од Оливер Спасовски.

– Со оглед на тоа што цела 2018 година тој се однесуваше неодговорно сега можам да ги разберам неговите ПР стратези зошто му сугеририраат Груевски да се поврзе со Мицкоски. Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас и се што правам е заедно со структурите на партијата во овој момент и ова е автентична прилика, која има своја карактерна црта. Тоа што го кажа Заев е помалку или повеќе несериозно. Тој ги има сите информации, жал ми е што не ги подели со македонската јавност неколку недели откако се се случи тој настан – рече тој.

На прашањето дали неговите посети на Унгарија и Србија се поврзани со случајот со Груевски, Мицкоски кажа дека во Србија бил приватно и не се сретнал со Александар Вучиќ и уште еднаш повторни дека овие тврдења се несериозни.

Изрази надеж дека Заев ќе го лоцира виновникот и нагласи дека бара одговорност од МВР.

-Врз основа на анализата што ја направивме мислам дека Заев и Спасовски точно знаеле што се случувало тогаш – рече Мицкоски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...