Досега амнестирани десет лица за 27 април, утре нови одлуки

1198
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Десет лица досега добија амнестија за настаните од 27 април лани, потврдуваат од Кривичниот суд за Плусинфо.

Други одлуки се очекуваат утре.

Прифатените амнестии следуваат откако прво утрово од Основниот суд Скопје 1 испратија 66 барања за амнестија до обвинителството од кои 29 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а 37 до Основното јавно обвинителство Скопје. Од тие 29 уште денеска обвинителството за гонење организиран криминал и корупција даде позитивно мислење за 12, по што на потег беше Кривичниот суд од каде уште денеска одобриле десет амнестии.

Од обвинителството се очекува во текот на утрешниот ден да испратат мислења и за други барања, а потоа и решение од Кривичниот суд.

Од судот нема повеќе информации за кои се лица се веќе прифатените амнестии, но според неофицијални информации, десетте одобрени амнестии се за обвинети во тековниот предмет кој се води за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во овој предмет од 33 лица, амнестија побараа 28 лица, меѓу кои и петмината пратеници. Дека не сакаат амнестија се изјаснија само Игор Југ, Јане Ченто, Игор Дурловски, Митко Чавков и Душко Лазаров.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...