Апелациониот суд во Скопје денеска донесе одлука со која мерката притвор на бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески им се заменува со куќен притвор.
На затворена седница денеска Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Камчев и Панделески.
Апелациониот суд информира дека за двајцата е определен куќен притвор.
СЈО вчера даде позитивно мислење за барањето на дел од осомничените во „Империја“ да им бидат определени поблаги мерки.
Сѐ уште нема одлука по жалбата на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а и СЈО сѐ уште не дало мислење за него.
СЈО побара мерката притвор да се замени со куќен и за обвинетите во „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.