Киднапиран грчки бизнисмен од луѓе маскирани во полицајци

600

Грчки бизнисмен рано изутринава бил киднапиран пред неговиот дом во Пиреја, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа грчките медиуми, бизнисменот го киднапирале четири непознати лица, кои го ставиле во џип и побегнале во непознат правец.

Според дел од медиумите, киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ, што всушност е Единициата за борба против тероризам на грчката полиција.

Грчката полиција работи на расчистување на случајот и чека дали можеби киднаперите ќе го контактираат семејството на бизнисменот за да побараат откуп.

Киднапираниот 50-годишен бизнисмен, кој поседува трговска фирма за увоз од странство, во минатото беше под истрага за шверц на цигара, но против него не беше покренато никакво обвинение.

Во 2012 година пред домот на негов роднина, кој има исто име и презиме со него, по грешка беше активирана експлозивна направа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...