Коалиција за правично судење: Законот за амнестија е нејасен и не треба да опфаќа конкретни лица

166

Во врска со изгласаниот Закон за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, Коалицијата Сите за правично судење, не навлегувајќи во суштината, идејата и оправданоста на законот, смета дека истиот е терминолошки и процедурално нејасен и во своевидна колизија со Кривичниот законик, Законот за кривичната постапка и Законот за извршување на санкциите, сметаат од оваа невладина организација чии претставници вршат мониторинг на овој судски случај.

Коалицијата смета дека во текстот на законот има нејасна терминологија која се применува најгласувајќи неколку ставови од членовите на Законот за амнестија. Исто така, велат дека амнестијата треба да се однесува на неопределен број лица, а со тоа што се опишуваат дејствијата кои не смеат да бидат амнестија таа се претвора во конкретен, а не општ правен акт.

„Би сакале да потенцираме и дека Законот за амнестија треба да се однесува на
неопределен број на лица обвинети за конкретни кривични дела, па оттука е спорно што законодавецот навлегува во опишување на конкретните дејствија со кои е сторено одредено дело, а кои можат или не можат да бидат предмет на амнестија, бидејќи така презицното дефинирање на дејствијата кои ќе ги опфати амнестијата истата ја претвара во конкретен, а не општ правен акт кој се однесува на конкретни лица. Дополнително, законот не поставува еднакви услови за сите лица кои ги опфаќа, па така осудените лица се оставени на милоста на казнено-поправните институции, обвинетите лица за кои се води судска постапка мораат самите да поднесат барање, додека пак за осомничените лица не е позната постапката за примена на законот, бидејќи Законот за амнестија се повикува исклучиво на надлежноста на судот и не ги зема предвид измените на кривичната постапка со ЗКП од 2010 година, кој почна да се применува во 2013 година, а кој закон овластувањата на судот во истражната постапка ги префрли врз обвинителството“, наведуваат во анализата од Коалицијата Сите за правично судење.

Целата анализа можете да ја прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...