Продолжен рокот за аплицирање за ИПАРД за инвестиции

Сите заинтересирани кои сакаат да користат финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014- 2020 информации за начинот на изготвување и доставување барања, како и практични совети во делот на подготвување на документите, може да добијат и во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

293

За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020 за инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, соопшти Платежната агенција.

-Целта на продолжувањето е стопанствениците да достават комплетни и квалитетни апликации. Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на стопанствениците да ги соберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата. Со оваа Мерка овозможуваме унапредување на домашните преработувачки капацитети како и зголемена конкурентност на секторот за преработка на земјоделски производи во Република Македонија – вели директорот на Агенцијата Николче Бабовски.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или на www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините регионални центри, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да користат финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014- 2020 информации за начинот на изготвување и доставување барања, како и практични совети во делот на подготвување на документите, може да добијат и во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...