Македонските каратисти, членови на скопски Макпетрол, вкупно седум, ги завршија натпреварите на првиот турнир од светската 1 Премиер Карате Лига кој се одржа во Париз. Сите наши спортисти останаа без пласман и ги загубија борбите во првото или второто коло. Најголем резултат постигна каратистката на Макпетрол, Анѓела Мојсовска, која официјално се пласираше на 9тото место. Таа со овој резултат ќе ја подобри својата позиција на светската ранг листа, бидејќи остварените победи и пласманот на 9тото место носи дополнително бодови за подобрување на нејзината ранг листа.
АНЃЕЛА МОЈСОВСКА настапи во тежинската категорија на -68 кг, таа во првото коло се сретна со најдобрата каратистка од Грција, Василики Панетсидоу, и ја победи со резултат 8-5, во второто коло ја совлада Маделине Сроетер од Германија со резултат 7-0, во третото коло загуби од Јапонката Сомеја Кајо со резултат 0-5, бидејќи Јапонката подоцна влезе во финале, Анѓела доби шанса во репасажните борби да се бори за бронзениот медал. Во првата репасажна борба таа загуби од Исаева Викторија од Русија со резултат 1-8, и на крајот заврши како девето рангирана на овој силен светски турнир.
Добри борби прикажа, исто така, и нашата спортистка Наташа Стефановска која настапи во категорија на -61кг, таа во првото коло извојува брилијантна победа со Бразилката Сантос Ерика победи со резултат 5-3, во второто коло немаше спортска среќа и загуби со 0-1 од Иранката Алесади Схима, Иранската спортистка стигна до полуфиналето но не успеа да влезе во финалната борба и Наташа да добие шанса во репасажните борби да направи нешто повеќе.
Останатите наши спортистки претрпеа порази во првото коло: Сите турнири од Премиер лигата, се бодуваат за Олимписките игри во Токио 2020, а во секоја категорија се 64 најдобри на светската ранг листа на ВКФ. Во Париз имаше 776 натпреварувачи од 82 држави.
Бошко Заборски, тренер на Макпетрол изјави: – На овој турнир ние како клуб заминавме со седум спортисти-ки кои се рангирани меѓу првите 50 и 100, во своите тежински категории. Турнирот во Париз опен преставуваше прв турнир од Светската 1 Премиер карате лига со што започна новата сезона, за прибирање на бодови кои се одлучувачки за настапување на олимпијадата во Токио 2020 година. Тоа што можевме да забележиме е дека конкуренцијата е сѐ поголема и сите држави продолжуваат многу сериозно да се подготвуваат за што подобар пласман и рејтинг. Генерален заклучок е дека ние мора да се престроиме и да се професионализираме ако сакаме да бидеме конкурентни на овие лига натпревари кои се посилни и од официјалното светско првенство. Се надеваме дека на следниот настап, кој е во втората недела на месец Фебруари во Дубаи, ќе имаме подобри резултати – рече Заборски