На патниот правец Макази – граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.