Маж од Кина стана главна ѕвезда во локалните медиуми, бидејќи со години се обидува да пронајде жена.
Тврди дека последните осум години прашал 80.000 жени дали сакаат да излезат со него и дека сите го одбиле.
Ниу Чангфенг првпат е снимен во 2013 година како оди по Пекинг со натпис дека бара жена. Тогаш рекол дека татко му починал од рак и дека мисли оти треба да се ожени и да засонова семејство.
Денеска повеќе не шета со натпис низ градот, туку посетува интернет страници за запознавање, во обид да најде жена преку социјалните мрежи и дека често им приоѓа на улица и ги прашува дали имаат момче.
Тие упорно го одбиваат, а некои велат дека тоа е така бидејќи Ниу има многу агресивен пристап. Но, Ниу вели дека жените денеска се бесрамни, дека избираат згодни мажи кои имаат добра приказна.
-Јас сум низок и грд и не зборувам лаги за да ги импресионирам жените. Жените бараат мажи со добра плата кои имаат сопствен дом во градот. Јас, за жал немам ниту куќа, ниту стан – вели Ниу.
Некои не му веруваат дека го одбиле 80.000 пати, но тој тврди дека контактирал околу 60.000 жени онлајн, и дека на тоа треба да се додадат 20.000 до 30.000 жени на кои им пришол на улица.