Седумдесет и деветгодишниот М.Т. од Штип е повреден во пожар предизвикан од запалено стрниште, што ја зафатил и неговата викендица во штипското село Таринци.
Како што соопшти МВР, пожарот во кој што М.Т. се здобил со телесни повреди, бил пријавен во полиција вчера во 12:10 часот.
М.Т. бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Од страна на штипската Територијалната противпожарна единиц пожарот бил изгаснат.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.