СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знае што е неселективно владеење

Заврши времето кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога поединци се ставаа над законот и беа недопирливи само поради тоа што беа блиски на ВМРО ДПМНЕ“, стори во реакцијата.

389

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи неселективно владеење на правото, реагира СДСМ на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР наместо да го спречува криминалот станала дел од него.

„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселктивно владеење на правото.

Заврши времето кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога поединци се ставаа над законот и беа недопирливи само поради тоа што беа блиски на ВМРО ДПМНЕ“, стори во реакцијата.

СДСМ тврди дека МВР постапува согласно надлежностите.

„Законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски притисоци.Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било припадност.Тоа е суштинска разлика која носи придобивки за Република Македонија и сите нејзини граѓани“, стои во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...