На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ, Маја Морачанин беше едногласно утврдена како кандидат за претседателка на партијата на претстојниот четврти конгрес.
„Општо беше мислењето дека таа е природен избор, со оглед на нејзините квалитети како човек и успешен професионалец, како и поради политичкото искуство и фактот дека во партијата работи искрено, посветено и одговорно, од самиот почеток до денес. Искажано беше и задоволството од демократскиот процес на избор на ново раководство, во тимски дух и пријателство на соборци за исти вредности, што го одликува ДОМ како зелена партија“, се вели во соопштението на ДОМ.
Централниот одбор ги усвои и извештајот, програмата и другите конгресни документи, како и предлозите за идни членови на новиот централен и надзорен одбор на ДОМ.