Франција воведе нов закон со кој 750 евра ќе биде паричната казна за оние кои свиркаат или дофрлуваат по жени на улиците.
Ваквиот закон е донесен со цел да се спречи сексуалното вознемирување врз жените и некултурното однесување. Казните ќе се наплаќаат на лице место.
Претседателот Емануел Макрон смета дека со законот им се овозможува на жените да се чуствуваат сигурно на улица и да не се плашат да излезат од дома.
Министерката за родова рамноправност , Марлен Чиапа на прашањето како да се одреди границата меѓу флерт и сексуален напад одговори дека сите знаат во кој момент се чуствуваме непријатно , несигурно и нападнато на улица.