Маж на возраст од 70 години загина во пожар во семејната куќа во скопското село Сопиште.
Пожарот се случил синоќа околу 20.20 часот и истиот зафатил две соби, а телото на загинатиот било пронајдено во една од нив. Жртвата, како што соопшти полицијата, била неподвижна подолг период.
Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а увид се врши во текот на денешниот ден.