7 мај ќе биде работен ден, безбедноста на папата на високо ниво

1958

7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, а по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје и заради безбедноста.

Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат  протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.

Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.

Пред пет дена директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Ватикан каде се прецизираа безбедносните протоколи.

Посетата на  папата Франциск во Скопје ќе трае 10 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...