Се бараат кандидати за една од најценетите професии во земјата

Покрај старосната граница до 25 години (да не наполниле 26 години), кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да имаат потврда за знаење на Англиски јазик најмалку на ниво на Б2.

5992

Македонска Навигација (М-НАВ) ги повикува сите заинтересирани полнолетни лица на возраст до 25 години да се пријават за една од најценетите, но и најодговорни професии – контролор на летање.

Со порастот на бројот на летови и прелети на нашето небо, се зголемува и потребата од нови кадри во одделот којшто е најдиректно одговорен за безбедноста и контролата на воздушниот сообраќај во Македонија. За таа цел, во тек е процесот на регрутација и селекција на кандидати за обука за контролори за летање.

Покрај старосната граница до 25 години (да не наполниле 26 години), кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да имаат потврда за знаење на Англиски јазик најмалку на ниво на Б2.

Освен навремената и комплетна апликација, еден од најважните услови е полагањето на FEAST тестот на ЕУРОКОНТРОЛ (www.feast.info) за проверка на специфичните способности и вештини неопходни за оваа професија. Доколку го поминат овој тест, успешните кандидати можат да продолжат во натамошните фази на изборот, сѐ до склучувањето на договорот за обука и финална селекција за оваа професија. Деталите за условите и огласот можете да ги видите ТУКА, а рокот за поднесување на документите е 12.09.2018 година.

Специфичните вештини и предиспозиции за оваа професија, кандидатите може да ги откријат и преку онлајн игрите на https://www.nats.aero/careers/trainee-air-traffic-controllers/games/, додека за проверка на знаењето на англискиот јазик, кој е воедно и официјалниот јазик за комуникација во авиосообраќајот, тука е бесплатниот прелиминарен е-тест преку линкот http://www.cambridgeenglish.org/test-your-english/.

Успешните кандидати во сите фази на предселекцијата (т.е. по положување на FEAST тестот, здравствениот преглед и интервјуто со изборната комисија) се упатуваат на обука за контролори за летање, по чие успешно завршување, стануваат дел од М-НАВ како контролори на летање.

За повеќе информации посетете ја страницата mnavigation.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...