Ким Кардашијан (39) и Канје Вест (42) уживаат во благодатите на својот луксузен имот на Хиден Хилс, кој експертите за недвижности го проценуваат на 60 милиони долари, а во својот футуристички дом ги пуштиле новинарите од американскиот магазин „Architevtural Digest“.
Парот за купувањето, а потоа и за реновацијата потрошил силни милиони како и неколку години. Ким и Канје одговарале во својот дом на прашањата за целиот процес и резултатите, а магазинот помпезно најавил дека имаат ексклузивен пристап до домот на старлетата и пејачот па ја окарактеризирал недвижноста како „место за живот кое ги поместува сите граници“.
– Бев бремена во тоа време. Тој имаше куќа во Лос Анџелес, а јас имав куќа на Беверли Хилс. Ниту една од нив не беше баш семејна. Еден ден се шетавме и му реков дека ми се допаѓа оваа куќа и имот, а тој се согласи. Тоа беше голема работа бидејќи нему ништо не му се допаѓа – раскажала Ким.
Тие зборувале и за двата базени што ги има вилата, а во кои вложиле 50.000 долари. Всушност, Ким никогаш не влегла во нив.
– Кога последен пат се капеше во нашиот базен? – ја прашал Канје сопругата, на што Ким се насмевнала и признала дека сѐ уште ниту еднаш. Иако базенот многу ѝ се допаѓа, појаснила Ким, а гледачите револтирано заклучиле дека се работи за класични „проблеми“ на богаташите.
ФОТО: EPA/JUSTIN LANE