М.Г. од Скопје роден 1962 година е планинарот којшто загина на планината Олимп, јави 24 Вести.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи.
Според нивните првични сознанија, според сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа, по што баднал во бездна.
Како што Плусинфо веќе објави, планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.
За утре во Солун е предвидена обдукција на телото којашто треба да даде одговори кои се причините за падот. Противпожарни екипи и полиција на Литохоро учествувале во извлекување на телото.