542 пријави од дијаспората за референдумот

181

Преку веб апликацијата dijaspora.se​c.mk денеска до 13 часот до Државната изборна комисија доставени се вкупно 542 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 473 пријави се прифатени, девет се одбиени, а останатите се во обработка.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Лондон – 50, во Берн – 44, Торонто – 36, Виена – 31 и во Љубљана – 29.

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ве информираме дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 821 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 95, во Радовиш – 83 и Струмица – 78.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...