Полицијата врши претрес во куќата во Жданец на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, дознава Телма.
Претресот се врши по налог на друга државна институција, заради сомневање за злоупотреба на службена должност.
Не се исклучува можноста тој да биде приведен и однесен на распит.
Од Финансиската полицијата, која го врши претресот, наведуваат дека ќе соопштаат повеќе информации по завршување на акцијата, јави МИА.