Oд 11.11. до 18.11.2019 на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 89 возачи (51 возач, бидејќи управувале под дејство на алохол и 38 возачи, затоа што управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило).
Од сообраќај се исклучени 23 возила, бидејќи биле нерегистрирани и четири технички неисправни. Санкционирани се 13 возачи поради некористење сигурносен појас, осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, три возачи поради непрописно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување и еден поради недавање првенство на минување. Во текот на изминатата недела издадени се 304 мандантни платни налози, 122 прекршочни платни налози, а 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.