Бред Пит и Анџелина Џоли ги решиле речиси сите проблеми околу разводот. Тие постигнаа договор во врска со старателство над децата, но им останал еден „мал“ проблем.
Се проценува дека Анџелина и Бред имаат околу 500 милиони долари заедничко богатство, што им создава голема главоболка за нивните адвокати.
Адвокатите сметаат дека со години би можело да потрае пронаоѓањето на компромис околу неговата поделба, на која двајцата би се согласиле. Во овие 500 милиони се вклучени недвижен имот, автомобили, накит, уметнички дела и скапа облека.
Најголем проблем им создава недвижниот имот во Прованса. Бред и Анџелина купиле за 60 милиони долари околу 400 хектари лозови насади. Но, тие подоцна го унапредиле и почнале да произедуваат наградувано вино.
Ова доведе до тешкотии во проценката на вредноста што спречува да дојде до расподелба.
– Тој би сакал тоа да го продаде, но таа сака да го задржи имотот како извор на приходи – рече извор за весникот „Мирор“.
Оваа ситуација претставува кулминација на сите проблеми околу разводот кои ги имаат адвокатите на Бред Пит и Анџелина Џоли.
„Тие едвај можат да се договорат и околу ситници“, продолжил изворот.
Ниту една од двете страни не се согласува на компромис, и никој не е подготвен да ја откупи другата половина од другиот, за да може процесот за развод да се покрене.
– Кога се соочуваме со повеќе имот, целата постапка станува потешка – констатирала адвокатката за разводи Џена Спек.