Автобуската постојка во подрумот на ГТЦ утре нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.
– Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец.
Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ“, се вели во соопштението на ЈСП.